Кочани со најскапи комуналии, а најевтини станови

Bez autora
Jul 30 2012

Колективната станбена изградба во Кочани е една од најнеатрактивните сфери за инвеститорите. Кочанчани повеќе преферираат станбеното прашање да го решаваат со изградба на куќи за повеќе генерации. Инвеститорите тврдат дека во градот има потреба за 30 до 40 станбени единици. На незаинтересираноста на инвеститорите да градат станбени згради влијае и фактот дека во Кочани комуналиите се најскапи додека цената на квадратен метар станбена површина е меѓу најниските во државата. И поради тоа во изминатите две децении од независноста на државата во овој град се изградени само 155 стана наспроти соседниот Штип во кој, само во моментов, во изградба се 300 стана. Кочанската групација „Деликатес“, која вработува околу 650 лица и по тоа е најзначајна за социјалната стабилност на градот, во својата дејност го има и градежништвото. Во моментов оваа групација гради две станбени згради, една во Кочани, а втората во Штип.

Кочани со најскапи комуналии, а најевтини становиКолективната станбена изградба во Кочани е една од најнеатрактивните сфери за инвеститорите. Кочанчани повеќе преферираат станбеното прашање да го решаваат со изградба на куќи за повеќе генерации.

Инвеститорите тврдат дека во градот има потреба за 30 до 40 станбени единици. На незаинтересираноста на инвеститорите да градат станбени згради влијае и фактот дека во Кочани комуналиите се најскапи додека цената на квадратен метар станбена површина е меѓу најниските во државата. И поради тоа во изминатите две децении од независноста на државата во овој град се изградени само 155 стана наспроти соседниот Штип во кој, само во моментов, во изградба се 300 стана.

Кочанската групација „Деликатес“, која вработува околу 650 лица и по тоа е најзначајна за социјалната стабилност на градот, во својата дејност го има и градежништвото. Во моментов оваа групација гради две станбени згради, една во Кочани, а втората во Штип.

„За зградата која во моментот ја градиме во центарот на Кочани моравме да платиме комуналии по 75 евра за квадратен метар, додека во Штип цената е за двапати пониска и изнесува 35 евра по квадрат. И во двата случаи се работи за градби во првата градска зона, со тоа што локалната кочанска самоуправа, во рамките на првата зона определи екстра зона. Јасно е дека е тоа така само поради намерата да се земат повеќе пари, иако токму Кочани е во семејството градови во кои цената на станбен квадрат е меѓу најниските во државата. Всушност, Кочани по висината на комуналиите е во друштво со главниот град на Македонија, во кој цените на становите се за двапати повисоки од нашите“, вели Ванчо Ѓоргиев, генерален менаџер на „Деликатес“.

Од овие причини новата станбена зграда која ја гради кочанската групација е само третата која се гради во Кочани во годините на нашата независност. Токму „Деликатес“ ја градеше првата зграда во 1994 година во која имаше 35 стана. Втората зграда со 120 стана ја изгради пред четири години, а сите станови се продадени по цена од 580 евра за квадратен метар.

„Становите во зградата што сега ја градиме, поради високите комунални давачки и зголемените цени на репроматеријалите ги продаваме по 660 евра за квадрат. И со оваа цена ние сме во друштвото на градови кои на своите клиенти им нудат решавање на станбеното прашање по прифатливи цени. Тоа е факт кој не' прави сигурни дека и за овие станови ќе имаме купувачи, бидејќи ги градиме според највисоките стандарди во градежништвото, а плус тоа во Кочани одамна немало понуда на слободни станови, па интерес за нив постои“, вели Ѓоргиев.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik